Back

ⓘ Човек




                                               

Дождовен човек

Дождовен човек е американски филм од 1988 година, режиран од Бери Левинсон, по сценариото на Бери Мороу и Роналд Бас. Главните улоги ги толкуваат: Дастин Хофман како Рејмонд, Том Круз како Чарли Бабит и Валерија Џолино како девојката на Чарли - Сузана. Филмот бил номиниран за наградата "Оскар" во осум категории, а победил во четири, и тоа: Оскар за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар глумец во главна улога за Хофман. Покрај нив, филмот освоил неколку награди "Златен глобус", како и наградата "Златна мечка" на Филмскиот фестивал во Берлин.

                                               

Железен човек 2

Железен човек 2 е американски филм од 2010 година, во режија на Џон Фавро. Главните улоги ги играат: Роберт Дауни Џуниор, Дон Чидл, Гвинет Палтроу, Скарлет Јохансон, Мики Рурк, Семјуел Л. Џексон и Сем Роквел. Филмот претставува второ продолжение на серијалот за суперхеројот "Железниот човек".

                                               

Витрувијански човек

Витрувијански човек е позната скица, изработена од Леонардо да Винчи, околу 1490 година во еден од неговите дневници. На сликата е прикажана гола машка фигура во две варијанти со раздолжени раце и нозе, впишани во круг и квадрат. Сликата и текстот многу често се нарекуваат Канон за пропорциите или Човечки пропорции и се засноваат на трудот на прочуениот римски архитект и писател Витрувиј. Сликата е изложена во Галеријата на академијата во Венеција, Италија.

                                               

Човек со среќа

Во оваа книга, авторот вклучува еден свој познат карактер, инспекторот Сабит Курти. Пред пензија, тој е обвинет за последната задача, која била некако различна. Задачата се состоела во тоа да му помогне на еден важен човек да не биде убиен. Сепак, во текот на романот не се знае кој ќе биде жртва, кој ќе биде убиец, ниту пак се познати мотивите за убиство. Единствено се знае точно времето и местото на извршување на убиството. Ова е само позадина на книгата. Главното дејство во книгата се одвива меѓу две паралелни приказни за љубовта: едната реална, а другата виртуелна, на главниот лик Генти ...

                                               

Човек (род)

Човек е род во кој спаѓаат денешните луѓе и ним блиско-сродните суштества. Се смета дека овој род датира од пред 2.5 милиони години, кој еволуирал од австралопитечки предци со појавувањето на Homo habilis. Јавувањето на Homo се совпаѓа со најраните наоди на камени орудија, и така, по дефиниција, ова го означува почетокот на Долниот палеолит. Денес сите видови, освен Homo sapiens современиот човек се изумрени. Homo neanderthalensis, кој по традиција се смета за последниот жив роднина, изумрел пред 24.000 години, но скорешните наоди укажуваат на друг вид, Homo floresiensis, кој можеби опстои ...

                                               

Сон на смешниот човек

Сон на смешниот човек раскажува за очаен човек кому луѓето отсекогаш му се потсмевале. И тој самиот знаел дека е смешен и не им се лутел на луѓето, а постепено сè му станало сеедно. Огорчен од животот, тој купил револвер и одлучил да изврши самоубиство. Конечно, една ноќ, на 3 ноември, на патот кон неговиот дом, тој одлучил дека тогаш ќе се убие. Притоа, застанал на улицата, набљудувајќи една ѕвезда. Тогаш му пришло мало девојче чија мајка била во некаква опасност, молејќи го да ѝ помогне, но тој го оттурнал и заминал дома. Таму, почнал интензивно да размислува за својата постапка и, уморе ...

Гол човек
                                               

Гол човек

Гол човек - зимзелен вид од источното Средоземје, Блискиот Исток и Југоисточна Азија, кој во Македонија е застапен само во две месности. Растението претставува грмушка или мало дрво со кожести, темнозелени, овални листови. Кората се лупи во вид на крупни лушпи, а новата е мазна, бакарноцрвена. Цветовите се мали, бледожолти. Плодовите се црвени, топчести бобинки. Гол човек се смета за мошне украсен вид.

Човек за сите времиња
                                               

Човек за сите времиња

Човек за сите времиња е британски филм од 1966 година, во режија на Фред Зинеман. Филмот е заснован на истоимената претстава на Роберт Болт во која се обработува приказната за Сер Томас Мор. Филмот бил издаден на 12 декември 1966 година. Пол Скофилд, кој го глумел ликот Мори на премиерата во "West End Theatre", го глумел истиот лик и во филмот. Филмот освоил шест оскари, меѓу кои и оскар за најдобар филм и оскар за најдобар глумец.