Back

ⓘ Општество




                                               

Општество

Општество е група на луѓе што живеат и работат заедно во полузатворен систем на меѓусебни врски и односи. Освен луѓето во општество со прецизно определени улоги се организираат и одредени животински видови. Најкарактеристични примери за тоа се општествата на пчелите, мравките, термитите.

                                               

Ацтечко општество

Пред-колумбиското ацтечко општество било комплицирано општество кое се развило кај Ацтеките во централно Мексико во периодот од пред доаѓањето на Шпанците. Културно, општеството се засновало на независните градови-држави наречени алтепетл кои пак биле поделени на мали административни единици наречени калпили. Луѓето биле поделени на две класи: благородно население и обично население. Економијата била зависна од земјоделството и од трговијата.

                                               

Фондации Отворено општество

Фондации Отворено општество, порано Институт Отворено општество - меѓународна мрежа за доделување грантови основана од стопанственикот Џорџ Сорос. Фондациите Отворено општество финансиски поддржуваат граѓански групи низ светот, со цел за унапредување на судството, образованието, јавното здравство и независните медиуми. ФОО има свои претставништва во 37 држави, вклучувајќи и група на земји и регионални фондации како Иницијативата Отворено општество за Западна Африка и Иницијативата Отворено општество за Јужна Африка. Седиштето на ФОО е во Њујорк. Од своето основање во 1993, ФОО имал трошоци ...

                                               

Светски самит за информатичкото општество

Светскиот самит за информатичко општество беше пар од спонзорираните конференции на Обедитените нации за информации, комуникации и во пошироки рамки за информатичкото општество, што се одржа во 2003 година во Женева и во 2005 година во Тунис. Една од неговите главни цели беше да се надмине т.н глобалниот дигитален јаз одвојувајќи ги богатите земји од сиромашните преку проширување на пристапот до интернет на светот во развој. Конференциите го одредија 17 мај како светски ден на информатичкото општество.

                                               

Министерство за информатичко општество и администрација на Македонија

Надлежностите на министерството се: -развојот и промоцијата на информатичкото општество; -создавањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа; -интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања; -следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и вове ...

                                               

Бугарско општество

Бугарско општество била бугарска емигранска политичка организација, основана во Букурешт во јуни 1868 година. Бугарското општество се јавува како продолжение на ТБЦК во Букурешт. Во создавањето учествуваат и дејци на Добродетелната дружина. Меѓу членовите се Иван Касабов секретар, Димитар Ценович, Константин Чокан, Спиро Константинов и др. Печатен орган на организацијата е весникот "Народност". Во својата работа организацијата ги продолжува политичките позиции на ТБЦК и го помага бугарското револуционерното движење. Значаен е нејзиниот придонес за вооружувањето на четата на Хаџи Димитар и ...

                                               

Министер за информатичко општество и администрација на Македонија

Министер за информатичко општество и администрација - прв човек во министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, институција која била основана во 2008 година. Моментален министер за информатичко општество и администрација е Дамјан Манчевски. Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ

Мајанско општество
                                               

Мајанско општество

Мајанското општество споделува голем број на карактеристики со општествата во регионот на Средна Америка поради големиот степен на соработка помеѓу нациите. Иако мајанскиот календар и мајанското писмо не потекнуваат од Маите, тие го усовршиле и користеле.

                                               

Робовладетелско општество

Робовладетелското општество e oпштествена формација која настанала и се развивала од првобитната заедница. Со развитокот на производните сили и поделбата на трудот се појавува вишок на производи кој овозможува приватна сопственост и појава на класи, со што класата сопственици ќе живее на сметка на вишокот што го создава потчинетата класа, која и самата била третирана како орудија за производство.

                                               

Првобитно општество

Првобитното општество или првобитна заедница е општествено - економска формација која се карактеризира со општествени односи на соработка и заемно помагање, при крајно примитивни производствени сили. Долг временски период кој се протега од самите почетоци на појава на општествен начин на живеење, до времето кога во одделни конкретни општества се појавува експлоатацијата и се создаваат државите. Се дели на два периода: дивјаштво и варварство, а тие на по три степени - низок, среден и висок.

                                               

Децентрализација

Децентрализацијата е поим кој е определен како префрлање на надлежностите од централната управа – Влада, кон општините и заедниците на локалната самоуправа со цел да се стимулира нивната работата и да се поттикне развитокот на регионално ниво.

                                               

Потомство

Потомство - нови единки на еден биолошки вид, деца, младенчиња. Потомство на мажот и жената се децата, на коњот и кобилата е ждребето, на петелот и кокошката е пилето и така натаму.