Back

ⓘ Јачмен




Јачмен
                                     

ⓘ Јачмен

Јачменот се смета за еден од најстарите житарки во Европа. Се користи уште од камено време, култивиран во древниот Египет, Месопотамија и во подрачјето на Европа. Во Вавилон од јачменот правеле каша и пиво, а во стариот век пржениот јачмен бил многу важна животна намирница. Се користи за производство на леб, пиво, сточна храна и др. Јачмен е житарица која успева во ладните предели.

Јачменот се дели на три врсти:

  • дворедни -{Hordeum distichum}-, кои најмногу служат за производство на пиво
  • повеќередни -{Hordeum polystichum}- и -{Hordeum vulgare}-;
  • преодни -{Hordeum intermedium}-

Јачменот содржи фитохемикалии што се природни хемикалии кои се наоѓаат во билките. Студиите покажале дека фитохемикалиите можат да го намалат ризикот од заболување од одредени срцеви болести, дијабетис и рак. Меѓутоа, потребни се додатни истражувања како би се потврдиле овие резултати.

                                     

1. Потврда на FDA за позитивните учиноци на јачменот

Американската FDA Управа за храна и лекови после анализите на научните докази и студии, потврдила дека додавање на јачменот на здравата исхрана може да го намали ризикот од срцевите заболувања и намалувањето на вкупниот и LDL холестерол, т.е да го финализира правилото со кое се дозволува производите кои содржат јачмен на своите пакувања можат да носат ознака дека растворливите влакна се корисни за срцето.

                                     

2. Надворешни врски

  • "Barley". Енциклопедија Британика XI 3. 1911. Cambridge University Press. англиски
  • Barley Information for Growers, eXtension
  • Encyclopedia of Life