Back

ⓘ Категорија:Настава




                                               

Клас

За соцветието, видете Клас соцветие. Класот е релативно постојана работна заедница на ученици на приближно еднаква возраст и приближно еднакви предзнаења, кои водејќи се по заедничкиот наставен план и програма под непосредно водство на наставникот, систематски се стекнуваат со образование и воспитување. Се споменува и постарото име – годиште како ознака на група ученици со подеднакви години живот, односно подеднакви години на школување.

                                               

Методика (педагогија)

Методика - во педагогијата претставува "наука", "уметност" или "учење" за патиштата со кои се стигнува до одредена цел, особено во наставата. Овде зборовите hodós и metá ја означуваат блиската поврзаност меѓу патот и целта, кои ја карактеризираат врската меѓу методиката и дидактиката. Понекогаш дидактиката се нарекува општа методика, додека методиката посебна дидактика, бидејќи е тесно поврзана со предметот на наставата. На факултетите кои ги спремаат студентите за идни предметни наставници, методиката е тесно поврзана со науката, односно предметот кој се изучува. Според тоа, може да има м ...

                                               

Настава

Настава е развојно-образовен процес кој се одвива плански и организирано под водство на воспитувач и во присуство на воспитаник. Наставната работа најчесто се изведува во педагошки институции и е насочена кон севкупниот развиток на воспитаниците.

                                               

Настава во чиј центар е ученикот

Наставата во чиј центар е ученикот се карактеризира со употребата на наставни методи кои го поместуваат тежиштето на поучувањето или предавањето од наставникот на ученикот. Овој вид на настава цели да ја развие самостојноста и независноста на ученикот, со префрлање на одговорноста за начинот на учење во рацете на ученикот преку пренесување на вештини и основи за тоа како да се научи даден предмет и шеми кои се потребни за да се стигне до потребното ниво на постигање на ученикот. Наставата во чиј центар е ученикот се сосредоточува на вештини и практики кои овозможуваат доживотно учење и нез ...

                                               

Наставник

Наставник, учител или професор е личност која воспитува ученици и студенти. Улогата на наставникот е во многу случаи формална и еднолична, се изведува во училиште или друго место каде се изведува формално воспитание. Во многу земји личноста која сака да стане наставник мора прво да се стекне со специфицирани професионални квалификации или акредитации од универзитет или факултет. Во овие професионални квалификации може да биде вклучено и изучувањето на педагогијата, наука за воспитанието. Наставниците, како и останатите професионалци, би требало да го продолжат своето образование по стекнув ...

                                               

Планирање на наставата

Планирањето на наставата сочинува важен дел од работата на наставникот. Ги вклучува сите потребни елементи за подготовка за изведување на наставен час или наставна единица. За оваа цел, во образованието на наставниците, се учат концепции во врска со тоа кои предметни, дидактичко-методски и педагошки околности треба да се земат предвид пред изведување на наставата и како истите да се документираат. Планирањето на наставата служи како ориентир за наставникот додека држи настава. Од друга страна, планирањето треба да ги оправда целите на наставата во согласност со избраниот дидактички модел.

                                               

Поучување

Поучувањето претставува планирано водење и поттикнување, насочување, помагање, следење во процесот на учење со цел да се оспособи ученикот сам да го регулира сопственото учење.

                                               

Прогресивистичка настава

Прогресивистичка настава - настава која произлегува од педагошкото движење на прогресивистичко образование или прогресивистичка педагогија што започнало во доцниот 19 век и се задржало во различни форми до ден денешен. Епитетот "прогресивистичка" е даден со цел да се разграничи оваа настава од традиционалната настава од Европа и Америка од 19 век, која се основа на класична подготовка на учениците за универзитет и која е силно диференцирана по општествени класи. За споредба, прогресивистичката настава се основа на сегашното искуство. Главни карактеристики на прогресивистичката настава се с ...

                                               

Традиционална настава

Традиционалната настава или конвенционалната настава е настава која се реализира врз основа на одамна воспоставените обичаи и практики во општеството кои се користат во училиштето. Некои форми на образовната реформа ги поттикнуваат прогресивистичките образовни практики, односно прогресивистичката настава, која претставува похолистички пристап кој се сосредоточува на поединечните потреби на учениците и самоконтрола. Според реформистите, традиционалната настава која е сосредоточена на наставникот и која поттикнува учење напамет и меморизација мора да се напушти за сметка на пристапите во уче ...