Back

ⓘ Служба за заштита на природата (Шведска)




Служба за заштита на природата (Шведска)
                                     

ⓘ Служба за заштита на природата (Шведска)

Службата за заштита на природата е владина агенција во Шведска одговорна за предлагање на регулативи и постапки за заштита на животната средина и нивно спроведување. Основана е во 1967 и е под надлежност на Министерството за животна средина на Шведска. Меѓу другото, службата раководи и со националните паркови во земјата.

Ова е преглед на шеснаесетте еколошки цели на државата

  • нетоксична животна околина
  • богати и разновидни на растителните и животинските организми
  • разновидни земјоделски предели
  • заштитна озонска обвивка
  • бујни мочуришта
  • намалена засегнатост на климата
  • врамнотежена морска околина
  • добра урбана средина
  • одржливи шуми
  • квалитетни подземни води
  • безбедност од зрачење
  • чист воздух
  • здрави езера и потоци
  • величенствени планински предели
  • без еутрофикација
  • само природно закиселување на почвата