Back

ⓘ Болоњска декларација




Болоњска декларација
                                     

ⓘ Болоњска декларација

Болоњската декларација е заедничка декларација на европските министри за образование, потпишана во Болоња на 19 јуни 1999 година, а се однесува на реформата на системот за високо образование во Европа и претставува темел на Болоњскиот процес. Според оваа декларација реформите и имплементацијата на Болоњскиот процес завршуваат во 2010 година.

                                     

1. Цели на Болоњската декларација и Болоњскиот процес

  • Унапредување на потребната европска димензија во високото образование, посебно во развојот на наставните програми, меѓуинституционалната соработка, шемите на мобилност и интегрирани програми за студирање, обука и истражување.
  • Воведување на кредитен систем на бодови, како што е ЕКТС - Европски кредит трансфер систем или Европски систем за пренос на бодови англиск: ECTS - European Credit Transfer and Accumulation System, како соодветно средство за унапредување на најшироката размена на студенти. Бодовите можат да се постигнуваат и преку воншколско образование, вклучувајќи го и учењето за време на целиот живот, под услов да ги признае универзитетот кој го прифаќа студентот.
  • Унапредување на европската соработка во осигуравањето на квалитет со цел за развивање споредливи критериуми и методологии.
  • Унапредување на мобилноста со надминување на препреките за слободно движење, посебно: на студентите да им се даде можност за учење, да им се овозможи пристап до студиите и релевантните служби; на наставниците, истражувачите и административниот персонал да им се признае и валоризира времете што го поминале во Европа истражувајќи, предавајќи или учејќи, без прејудицирање на нивните статутарни права.
  • Прифаќање на систем на лесно препознатливи и споредливи степени, меѓу другото и со воведување додаток на дипломата, за да се унапреди вработувањето на европските граѓани и меѓународната конкурентност на свропскиот систем на високо образование.
  • Прифаќање на систем темелен врз два главни циклуси, преддипломскиот и дипломскиот. Пристапот кон вториот циклус бара успешно завршен прв циклус на студиите што мора да трае најмалку три години. Степен што е постигнат по првиот циклус треба да одговара на европскиот пазар на трудот со соодветно ниво на квалификација. Вториот циклус ќе води кон магистрирање и/или докторат, како што тоа е случај во многу европски земји.
                                     

2. Коминикеа за Болоњската декларација и Болоњскиот процес

При потпишувањето на Болоњската декларација во 1999 година, договорено е на секои две години да се одржуваат министерски конференции на кои ќе се поднесуваат извештаи за примената на Болоњскиот процес, ќе се разменуваат искуства и ќе се изврши потпишување на коминике, што го потпишуваат сите земји кои го прифатиле Болоњскиот процес, а овде влегуваат и земјите од Европа кои не го направиле тоа во 1999 година, а одлучиле да го прифатат Болоњскиот процес. Потпишани се следните коминикеа кои го носат називот на градот во кој се одржале министерските конференции:

  • Левенско коминике 2009
  • Лондонско коминике 2007
  • Прашко коминике 2001
  • Бергенско коминике 2005
  • Берлинско коминике 2003

2010 година била предвидена за завршување на имплементацијата на Болоњскиот процес.

                                     

3. Земји кои го прифатиле Болоњскиот процес и ја ратификувале Болоњската декларација

Берлинско коминике од 2003 година

  • Ватикан
  • Македонија
  • Русија
  • Андора
  • Босна и Херцеговина
  • Албанија
  • Србија

Земји кои не го потпишале и не го прифатиле Болоњскиот процес

Единствени членки на Советот на Европа кои не ја потпишале декларацијата и не го прифатиле Болоњскиот процес се Монако и Сан Марино, а можно е да му се придружат на Болоњскиот процес што се спроведува во Франција и Италија. Друга земја која е во можност да ја потпише декларацијата и да го прифати процесот, а тоа не го сторила до сега, е Белорусија.

                                     

4. Држави и региони чии барања се одбиени

  • Киргистан - на берлинското коминике сакал да ја потпише декларацијата и да го прифати Болоњскиот процес, но според толкувањата на овој собир бил одбиен затоа што не се наоѓа во Европа. Болоњската декларација, за сега, е договор што го опфаќа само географското пространство на Европа
  • Косово и Метохија - според сегашната состојба не може да стане потписничка на овој процес, па затоа не се ни разгледувало барање.
  • Северен Кипар не е меѓународно признаена држава, ниту е признаена од страна на потписниците на Болоњскиот процес освен Турција, па на берлинското коминике Северен Кипар бил одбиен. Но, со оглед дека според уставот на Кипар од 1960 година е дефинирано дека Грчкиот ентитет и Турскиот ентитет имаат одделни образовни системи, одбивањето на барањето се доведува во прашање.
  • Израел - од истата причина како и Киргистан е отфрлен на берлинското коминике затоа што ен се наоѓа во Европа


                                     

5. Македонија и Болоњскиот процес

Република Македонија станува член на Болоњскиот процес во 2003 година, иако промените во високото образование започнале уште во 2000 година, кога Министерството за образование и наука го донело новиот Закон за високото образование. Законот барал универзитетите да го започнат воведувањето на ЕКТС и да го уредат студирањето и наставните програми во согласност со принципите на Болоњскиот процес.

Дотогашниот академски степен за кој се доделувала диплома е трансформиран во т.н. бакалауреат дипломиран студент и програмите биле скратени од 4 на околу 3 години. Степенот за кој се доделувал т.н. магистериум се трансформира во магистратура, што се постигнува по 5 години студирање. Студиите по медицина и оние студии што се поврзани со медицина продолжуваат да траат 6, односно 5 години. Степенот на докторат PhD dr.sc. останува, но тој може да се добие по 3 години, односно 8 години вкупно студирање: 3 години дипломиран студент или бакалауреат + 2 години магистер + 3 години доктор на науки.