Back

ⓘ Рајна-Мајна




Рајна-Мајна
                                     

ⓘ Рајна-Мајна

Метрополитенската област Франкфурт Рајна-Мајна, често едноставно нарекувана Франкфурт Рајна-Мајна, област Франкфурт Рајна-Мајна или област Рајна-Мајна - втората по големина метрополитенска област во Германија, со вкупно население над 5.8 милиони. Метрополитенскиот регион се наоѓа во централниот западен дел на Германија и се протега во делови на три сојузни покраини: Хесен, Рајнска област-Пфалц и Баварија, како и градовите Франкфурт на Мајна, Висбаден, Офенбах, Мајнц, Дармштат и Ашафенбург.

Полицентричниот регион е именуван по неговиот средишен град Франкфурт на Мајна и двете реки Рајна и Мајна. Областа Франкфурт Рајна-Мајна официјално е означена како европски метролитенски регион од германското сојузно министерство за транспорт, градежништво и урбанистички работи и зафаќа површина од околу 13.000 квадратни километри.

                                     

1. Поделби

Рајна-Мајна е полицентричен метрополитенски регион, но економската големина и политичката тежина на градот Франкфурт го поставува во многу моноцентричен однос со нејзиниот поширок појас. Од почетокот на 1970-тите, метрополитенската област Франкфурт на Мајна германски: Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main) - дефинирана како област, која ги опфаќа градовите Франкфурт и Офенбах и нивните непосредни соседни окрузи. Административниот округ Дармштат на покраината Хесен може да се гледа како на следна административна поделба, којшто лежи целосно во метрополитенскиот регион и понатаму ги вклучува градовите Дармштат и Висбаден и голем број на поголеми окрузи. На следното ниво, метрополитенскиот регион исто така ги вклучува градовите и окрузите на Мајнц и Ашафенбург во двете погранични сојузни покраини Рајнска област-Пфалц и Баварија.

                                     

1.1. Поделби Поголеми урбани зони

Евростат Urban Audit го дели регионот Франкфурт/Рајна-Мајна во четири поголеми урбани зони ПУЗ. Овие четири урбани зони се исклучуваат од бројот на окрузи во метрополитенската област.

                                     

2. Сообраќај

Растот на оваа област главно може да се бара во поволните комуникации, кои ги промовира раната индустријализација. Меѓутоа, денес, значењето на индустриското учество во голема мера се заменува со банкарство, трговија и логистика. Франкфурт лежи во населената Сина банана, која поминува покрај долината на Рајна и градот е отскочна штица од и до одредени делови на Швајцарија и јужна Германија. Рајна-Рур е достапна за еден час патување брзата железничка линија Келн-Франкфурт и воздушната линија Франкфурт-Берлин е најпрометната во германскиот домашен воздушен сообраќај.

Меѓународниот аеродром Франкфурт е најпрометниот аеродром за патнички сообраќај во Германија и еден од трите најпрометни аеродроми во Европа. Притоа, заедно со силните железнички врски, исто така, служи како главен транспортен центар.

                                     

3. Образование

Метрополитенскиот регион Франкфурт/Рајна-Мајан е дом на пет универзитети и повеќе од 20 делумно постдипломски колеџи, со вкупно над 200.000 студенти. Најголемиот универзитет е Универзитетот Франкфурт, а најстариот е Универзитетот Мајнц Универзитет Мајнц-Јоханес Гутенберг, првично основан во 1477 година. Други универзитети се:

  • Франкфуртска школа за финансии&менаџмент и
  • Универзитет Франкфурт на Мајна-Јохан Волфганг Гете,
  • Европска бизнис школа меѓународен универзитет Шлос Рајхартсхаузен.
  • Технолошки универзитет Дармштат,

Познати високи школи и универзитети за применети науки Fachhochschulen се:

  • Универзитет за музика и изведувачки уметности Франкфурт и
  • Универзитет за применети науки Дармштат,
  • Штеделшуле.
  • Универзитет за применети науки Франкфурт,
                                     

4. Надворешни врски

  • Економска поддршка Франкфурт
  • Frankfurt/Rhein-Main 2020 - европски метрополитенски регион
  • Сообраќај во Рајна-Мајна
  • Меѓународен аеродром Франкфурт
  • Еден регион - бескрајни можности
  • Регион Франкфурт Рајна-Мајна - Порта кон Европа
  • Planungsverband Ballungsraum Frankfurt/Rhein-Main Планско здружение на регионот
                                     
  • како Амаманни, која се проширила кон римската Лимес источно од Рајна и јужно од Мајна Аламанни понекогаш се нарекувале и Суеби дури и во тоа време, а
  • во германската сојузна покраина Северна Рајна - Вестфалија, така и во рамките на метрополитенската област Рајна - Рур, една од главните европски метрополитенски
  • сојузна покраина во југозападна Германија, источно од горниот тек на реката Рајна Ова е трета по големина покраина по површина и по население од вкупно
  • создавањето на Северногерманскиот Сојуз од германските држави северно од Мајна и во 1871, со создавањето на Германското царство под прускиот крал како
  • исправи и се интегрира во канал кој ја поврзува реката Мајна и реката Дунав каналот Рајна - Мајна - Дунав И покрај протестите на конзерватори, каналот
  • железничкиот мост на Рајна во Брајзах беше уништена и не беше заменета. Градот, исто така, е поврзан со автопатот А5 Франкфурт на Мајна - Базел. Фрајбург
  • Мозел и Мајна која, пак, преку канал е поврзана со реката Дунав. Така е создаден речен пловен пат од Северното до Црното Море. Реката Рајна понатаму

Users also searched:

...
...
...