Back

ⓘ Категорија:Образовни мрежни места




                                               

Викивидови

Викивидови - семрежен проект на основа на вики со поддршка од Фондацијата Викимедија. Има за цел да создаде опширен слободен каталог на сите видови и е наменет пред сè за научници наместо за пошироката јавност. Џими Велс, почесен претседател на Фондацијата Викимедија, изјавил дека уредниците не мора да ги поднесуваат нивните дипломи, но дека придонесите треба прво да поминат стручен преглед. Викивидовите се лиценцирани со ГНУ-овата лиценца за слободна документација и CC-BY-SA 3.0. Проектот е започнат во август 2004 г. со покана за учество до биолози ширум светот, и досега има прераснато во ...

                                               

Викикниги

Викикниги - вики на Фондацијата Викимедија кое опфаќа слободни учебници и прибележани текстови кои секој може да ги уредува. Во септември 2015 г. е проценето дека Викикниги има 2.102.708 поединечни посетители. Проектот постои на многу јазични верзии, меѓу кои и на македонски.

                                               

WorldCat

WorldCat е заемен каталог каде се заведени збирките на 72.000 библиотеки од 170 земји и територии што учествуваат во глобалната задруга OCLC. Неговата изградба и одржување ја вршат сите членки заеднички.

                                               

Fakulteti.mk

Fakulteti.mk - мрежно место посветено на високообразовните установи во Македонија. Според нив, целта им е да им помогнат на идните студенти во нивниот избор на студии, и да ги насочат сегашните студенти кон нови знаења, стипендии и работни места.