Back

ⓘ Образование во Македонија




                                               

Македонски институт за медиуми

Македонски институт за медиуми е невладина, непрофитна и непартиска организација која работи во доменот на медиумската политика, медиумската едукација и човековите права и граѓанскиот активизам. Организацијата е основана во 2001 година и е сè уште активна. МИМ работи и се развива како непрофитна и невладина организација, центар за професионализација на медиумите и континуирана доедукација на новинарите и медиумските професионалци во Македонија.

Образование во Македонија
                                     

ⓘ Образование во Македонија

Во почетокот на XIX век во Македонија единствени центри на македонско-словенската писменост биле келијните училишта при црквите и манастирите каде се подготвувал свештенички кадар.

Меѓутоа со развојот на трговијата и занаетчиството се создала потреба, а и услови за создавање на училишта со световно образование кои би ги задоволиле потребите на македонското граѓанство. Меѓутоа отварањето на првите световни училишта на макеоднски народен јазик било попречено од неразвиеноста на македонското граѓанство и Цариградската патријаршија, односно грчката пропаганда во Македонија.

Патријаршијата во Македонија имала разгранет школски систем каде наставата се одвивала на грчки јазик и се ширела грчката култура.

Затоа процесот на создавање на македонски училишта започнал со борба за потиснување на грчкиот јазик и негово заменување со макеоднскиот народен јазик во грчките училишта. Голема улога во оваа борба имале макеоднските учители кој своето образование го стекнале во Грција и како грчки учители имале можност постепено да го истисната грчкиот јазик од наставата.

Оваа борба за истиснување на грчиот јазик од наставата траела до средината на XIX век, а до тогаш наставата се одвивала според грчки образец.

Во 30-те години на XIX век се започнало со отварањето на првите световни училишта при црковно - училишни општини во Македонија.

Првите вакви училишта биле во: Скопје 1835 или 1836, Велес 1837, Банско 1838, Штип и Неврокоп 1840, Прилеп 1843, Куманово и Тетово 1852. Во овие училишта покрај црковните предмети биле воведени и световни предмети, голема заслуга за развој на наставата во овие училишта имал Јордан Хаџи Константинов-Џинот.