Back

ⓘ Организација за храна и земјоделство на ООН




Организација за храна и земјоделство на ООН
                                     

ⓘ Организација за храна и земјоделство на ООН

Организацијата за храна и земјоделство на ООН или скратено ФАО е основана во 1945 година како организација на Обединетите Нации за борба против гладот. Целта на ФАО е да биде извор на информации и знаење за производството на храна и за исхраната. ФАО им помага на посиромашните земји да го модернизираат земјоделството, шумарството и рибарството и да обезбедат здрава исхрана за сите.

ФАО има осум оддели:

  • Земјоделство и заштита на потрошувачите
  • Шумарство
  • Човечки, финансиски и физички ресурси
  • Управување со природни ресурси и
  • Знаење и комуникации
  • Економски и социјален развој
  • Заштита на околината и техничка соработка.
  • Рибарство и водостопанство