Back

ⓘ Категорија:Никулци за политика




                                               

Апартхејд

Апартхејд бил правен систем на расна сегрегација применет од страна на владеачката Националната партија во Јужна Африка, помеѓу 1948 и 1994. Расната сегрегација во Јужна Африка почна во колонијалните времиња во 1652, но апартхејд како официјална политика била воведена по општите избори од 1948 година. Новиот закон, категоризирал жители според нивните расни групи. Станбени области исто така биле сегрегирани преку принудени отстранувања. Од 1958 година, црнците биле лишени од државјанство. Владата сегрегирала образование, медицинска нега, и други јавни услуги. Владата всушност снабдувала црн ...

                                               

Империја

Империја е форма на општествено уредување. Зборот "империја" потекнува од латинскиот збор "imperium" и значи "моќ, авторитет". Политички, империја е поголема група на држави или народи обединети и управувани или од монарх или олигархија. Покрај основното значење на зборот, "империја" може да се користи да се означи голем бизниз или компанија или политичка организација на или национално, меѓународно или градско ниво. Империјална политичка структура е основана и одржувана на два начина: 1 како "територијална империја" на директно освојување и контрола со "сила" директно физичко дејствување з ...

                                               

Империјализам

Империјализам претставува стремеж за господарење над други народи, освојување и подјармување на други земји. Тоа е политичко однесување на една држава, кое претставува начин на вршење контрола или влијание врз странски ентитет со намера да се придобие или одржува како империја. Ова може да се врши преку директно територијално освојување или населување, или пак, преку индиректни методи на влијание врз политиката и економијата на одредени области.

                                               

Конзервативизам

Конзервативизам - политичка идеологија која, во својата појдовна основа, значи чување односно одржување на веќе востановените постоечки облици на вредностите во животот. Може да се смета за своевидно традиционално мислење кое како такво се проткајува во сите облици на интеракција меѓу поединците, мислење чијашто цел е да се одржи статус кво. Ако пред сè се сфати како идеологија на оние коишто владеат тогаш ќе се постави во спротивна релациска врска од либералното дејствување кое како такво тежнее кон промени. За такво либерално движење можеме да ги сметаме во прв ред Англиската и Француска ...

                                               

Лустрација

Лустрација е политика која го ограничува учеството на поранешните комунисти и посебно шпиони од комунистичката тајна полиција, во извршувањето на јавните функции.

                                               

Панславизам

Панславизмот е движење од средината на XIX век, чија цел е обединување на сите словенски народи. Во фокусот бил Балканскиот Полуостров, каде што Јужните Словени биле под контрола на две големи империи, Австроунгарија и Отоманското Царство. Од страна на Руската Империја, односно СССР покасно, панславизмот бил користен во политички пропагандни цели.

                                               

Пацифизам

Пацифизмот претставува противење на војната и насилството како средство за решавање на споровите. Тој опфаќа спектар од погледи што се движат од верувањето дека меѓународните спорови можат и треба да се решаваат по мирен пат, до апсолутното противење на употребата на насилство, па дури и на сила, во сите околности. Пацифизмот може да се темели врз принципиелни или врз прагматски причини. Принципиелниот деонтолошки пацифизам се темели врз верувањето дека војната, намерната убиствена сила, насилството и секој друг вид на употреба на сила е морално неприфатливо. Наспроти него, прагматскиот ил ...

                                               

Политеја

Политеја првично бил израз во Стара Грција кој значел град-држава која има граѓанско собрание како дел од политичкиот процес. Тука избирачко право немале жените, робовите, крепосните селани и метиците. Така, право на глас имал само мал дел од машкото население. Денес ова е општ термин кој означува политичка организација или група. Чсто се користи за лабаво организирано општество како племе или заедница, но може да значи политичка група како влада или империја, корпорација или академија. Се користи и во фразата црковна политеја како синоним за црковна управа.

                                               

Постмодернизам (меѓународни односи)

Постмодернизмот како приод кон меѓународните односи е присутен во политиколошката мисла уште од 1980-тите години. Постојат различни правци на размислување, но заеднички и клучен елемент на постмодерната теорија е отфрлањето на секое поимување на животот што си зема за право да тврди дека е во непосредна врска со "вистината". Постмодернизмот е критички настроен кон марксизмот, кој наложува сеопфатна метаприказна за историјата на човештвото. Најважни постмодерни мислители се Жан-Франсоа Лиотар, Мишел Фуко и Жак Дерида.

                                               

Внатрешна политика

Кај управувањето, внатрешна политика е поим обратен на поимот надворешна политика; се состои од политички активности на владата како одлуки, програми и дела кои се однесуваат на внатрешни работи, наспроти нејзиниот однос со други држави. Главни елементи на внатрешната политика се даночната политика, програмите за социјалната заштита и социјална помош, закони за животната средина, и регулативи за стопанските дејности и нивните практики.

Евроскептицизам
                                               

Евроскептицизам

Евроскептицизам - израз со кој се опишува критикувањето на Европската унија и спротивставувањето на процесот на европска интеграција. Други погледи кои понекогаш се сметаат за евроскептични се согледувањата дека ЕУ е недемократска или премногу бирократска институција. Истражувањето на Евробарометар од 2009 година покажа дека кај граѓаните на ЕУ, поддршката за членство во Унијата е најниска во Летонија, Обединетото Кралство и Унгарија

Национализам
                                               

Национализам

Национализам - политичка идеологија во чие средиште е сместена нацијата како врховно добро. Се појавил во Европа во XIX век и претставувал општествено-политичко и културно движење на граѓанските класи коишто се бореле за будење на националната свест, за заштита на националните права и за создавање на национална држава.

                                               

Новоизбран претседател

Новоизбан претседател е политички кандидат кој е веќе избран за претседател но с ѐ уште нема стапено на функција, бидејќи е во исчекување на заминувањето на постојниот претседател. Зависно од видот на функцијата, во политиката се употребуваат слични поими, како на пример: новоизбран премиер, новоизбран градоначалник, новоизбран гувернер итн.

                                               

Поделба на власта

Кога станува збор за поделба на власта, во современите правни системи се зборува за демократски општества, кои имаат интер-зависни механизми на контрола на власта во една држава. Власта во овие општества се дели на: Извршна Законодавна Судска

Популизам
                                               

Популизам

Популизам е говор со кој се тврди дека се поддржува народот наспроти елитите. Не постои единствена дефиниција на терминот, кој се развил во 19 век и се користел за разни работи од тоа време. Популизмот може во себе да содржи идеологија која повикува на промена на општеството и/или реторички стил развиен од членовите на политичките или општествените движења. Генерално, популизмот повикува на идејата на демократијата, пред сè како израз на волјата на народот.