Back

ⓘ Земјоделство




                                               

Ѓорѓија Ливрински

Ѓорѓија Стојков Ливрински - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

                                               

Ратко Левајковски

Ратко Крстов Левајковски - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

                                               

Љубе Крстевски

Љубе Митрев Крстевски - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

                                               

Никола Кукуновски

Никола Ивков Кукуновски - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

                                               

Стојан Крстевски

Стојан Стојчев Крстевски - македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

                                               

Ристо Стојановски

Ристо Петрушев Стојановски - 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) - македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Земјоделство
                                     

ⓘ Земјоделство

Земјоделство, познато и како земјоделие и ратајство - основна стопанска гранка и дејност која претставува процес на производство на храна, храна за животни, влакна, суровини за индустриска преработка и други потребни производи преку одгледување на одредени растенија и домашни животни. Со поимот земјоделство се означуваат голема група на аграрни дејности кои првенствено ги опфаќаат: поледелството, сточарството, лозаро-овоштарството. Агрономијата е збир науки, кои ги проучуваат начините на земјоделското производство и стопанисување и иследуваат различни држави на ниво на културно растение- абиотични еколошки услови- биотични еколошки услови.

                                     

1. Историја

Околу 9.000 години п.н.е. жителите на Средниот исток почнале да ги садат првите посеви. Оттогаш се испробени многу начини на одгледување на растенија, животни и ловење на риба. Во предисториско време земјоделството започнало со приптомување животни, а потоа и со одгледување растенија. Предисторискиот човек припитомил некои животни од кои добивал млеко, месо, волна и кожа, а подоцна почнал да ги користи за влечење и носење товар, за орање и други потреби. Првичните земјоделски дејности биле забележани во долините на големите реки какви што се Нил во Египет, Тигар и Еуфрат во Месопотамија денешен Ирак, Инд и Ганг во Индија, Јангцекјанг и Хоангхо во Кина. Ратајството влече корени и од предисториска Европа и регионите околу Средоземното Море: во Картагина биле развиени повеќето земјоделски гранки, кои во периодот на Римското Царство достигнале висок степен на развој. Ралото и плугот, српот и другите едноставни земјоделски орудија биле познати на Еѓипќаните, Индијците и Кинезите уште во стариот век.

                                     

2. Начини на земјоделско производство

Во основа постојат два начина на производство во земјоделството: интензивно - каде што по единица површина или по грло добиток се вложуваат многу труд и средства заради остварување високи приноси што е карактеристично за густо населените земји, и екстензивно - каде што се остварува сразмерно низок принос, но количински доволен за задоволување на предвидените потреби, што е карактеристично за поретко населените земји. Современата земјоделска дејност, не секаде рамномерно, користи разновидни земјоделски машини и агротехнички средства ѓубрива и препарати за постигнување поголеми и подобри производни резултати. Со висок степен на механизација и со користење на научни сознанија од агрономијата, земјоделството во современиот свет е сè повеќе индустријализирано и во голема мера ослободено од елементарните природни предуслови.

                                     

3. Земјоделството ширум светот

Најголемиот број на луѓе во светот се вклучени во земјоделството како нивна примарна економска активност, но и покрај тоа, тоа сочинува само четири проценти од светскиот БДП. Сепак, денес земјоделството е важен фактор за економскиот раст на една земја. Повеќе од половина од светското жителство своите основни прехранбени потреби ги задоволува само со три житарки: пченица, пченка и ориз. Азија дава повеќе од 90% од вкупниот светскиот принос на ориз, додека Бразил го снабдува светот со 85% од вкупното произвидство на сок од портокал.

Во 2014 година, во Македонија, во регистерот на Управата за јавни приходи биле регистрирани вкупно 164 992 земјоделци, од кои, 16 593 се регистрирале како лица на кои земјоделството им е основна дејност, додека другите 143 399 пријавиле дека земјоделството им е дополнителна дејност.

                                               

Душан Василевски

Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршувањето на основното училиште се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година, кога балистичките сили се концентрирале во Скопска Црна Гора, и пристапил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во поголем број тешки и крвави борби против балистите. Во една таква борба, на 16 септември 1944 година, храбро загинал на позициите кај Чучерска Стена. Бил закопан на селските гробишта во Бањани.

Стојко Василевски
                                               

Стојко Василевски

Израснат е во сиромашно семејство. Од рана младост се занимавал со земјоделство. На 12 септември 1944 година, кога бројни балистички сили навлегле во неговото родно место, тој се приклучил на Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во борбите против балистите, што се обидувале да навлезат во Скопска Црна Гора од правецот на Витина. Во една од овие борби, храбро загинал кај Црн Камен. Бил закопан на селските гробишта во Бањани.

                                               

Цанко Димковски

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. На 20 август 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите борби на Бригадата против непријателот на теренот кај Куманово и Велес. На 20 октомври истата година храбро загинал, во една тешка борба против балистите и Германците на реката Треска.

                                               

Стојан Варсаковски

Произлегува од сиромашно семејетво. Се занимавал со земјоделство. Неговото приклучување во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада се совпаднало со навлегувањето на балистичките сили во некои села на Скопска Црна Гора. Во составот на истата учествувал во борбите против балистичките банди. Загинал од експлозија на непријателска граната, во времето кога се наоѓал на стража. Бил закопан на селските гробишта во Мирковци.

                                               

Ранко Божиновски

Произлегува од сиромашно селско семејство. По завршување на основното училиште се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година, стапил во борбените редови на Третата македонска ударна бригада. Бил борец во Петтата чета на Вториот баталјон. Учествувал во сите борби што ги водела оваа единица. На 20 октомври кога неговата Бригада ги нападнала балистичките позиции близу Треска, тој загинал, откако единицата бил принудена да се повлече под притсок на новодојдените германски сили.

Тошо Милчев
                                               

Тошо Милчев

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бриrада стапил во нејзините редови во септември 1944 година. Иако близу неговото село се воделе борби против балистите, со својот баталјон се префрлил на другата страна на Скопска Црна Гора. Балистите биле побројни, но бригадата успеала да ги разбие. На 5 ноември 1944 година, храбро загинал во една борба против балистичките банди.

Борислав Кирков
                                               

Борислав Кирков

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. На 12 септември стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во секојдневните борби против силните балистички сили на разни позиции на Скопска Црна Гора. Во октомври 1944 година во една борба против балистите, кај Чучерскиот Рид, бил погоден и загинал на самото место. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во гробиштата во родното село Љубанци.