Back

ⓘ Аграрна реформа




                                     

ⓘ Аграрна реформа

Аграрна реформа е промена во земјишните имотни односи и на имотната структура со интервенција на државата. Аграрната реформа е една од најзначајните мерки на аграрната политика, затоа што ги решава клучните прашања на аграрната структура. Се јавува во услови на стопанска неразвиеност и аграрна пренаселеност.

Светската банка ја евалуира аграрната реформа според пет димензии:

  • 2 имотна реформа,
  • 1 цена и либерализација на пазарот,
  • 4 рурални финансии и
  • 3 агро-преработка и снабдување на доводни канали,
  • 5 пазарни институции.
                                     

1. Аграрната реформа во РМ

Со Законот за аграрна реформа и колонизација 1945 се извршило ликвидирање и експропријација на капиталистичките стопанства при што имотот бил ограничен на 35 ха вкупна површина кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Со Законот за земјоделскиот земјиштен фонд 1953 бил ограничен аграрниот максимум на 10 ха кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Земјишниот максимум бил укинат во 1988.