Back

ⓘ Универзитет Галатасарај




Универзитет Галатасарај
                                     

ⓘ Универзитет Галатасарај

Галатасарајскиот универзитет или Универзитет Галатасарај) е државен универзитет кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Универзитетот бил основан во 1992 година во присуство на претседателот на Франција, Франсоа Митеран и претседателот на Турција, Тургут Озал. Универзитетот е еден од најважните членови на Галатасарајската заедница, во кои членуваат и Галатасарај Лисеси и Спортскиот клуб Галатасарај.

Галатасарајскиот универзитет е единствениот франкофонски универзитет во Турција. Се состои од пет факултети на којшто се изучуваат економските науки, правните, комуникациските, природните и технолошките науки. Освен тоа, во склопот на универзитетот има и две институции на кој се изучуваат општествените и применети науки. Вкупно, на универзитетот има 200 професори и 2.500 студенти.

Како член на Европската програма за размена на студенти, универзитетот располага со околу 50 т.н. европски студенти. Во меѓувреме, 100 студенти секоја година од универзитетот патуваат во Франција во рамките на оваа програма. Курсевите на универзитетот се одвиваат на три јазици: турски, француски и англиски. Освен фрнцускиот, кој е главен странски јазик, може да се изучува и англискиот јазик.

Универзитетот се наоѓа во Ортаќој, во рамките на Бешикташ на европската страна на Истанбул. Зградата во која се одвива наставата првично била палата, изградена во 1871 година на бреговите. Универзитетот на еден начин е традиционален наследник на Галатасарајското училиште, кое било основано во 1481 година, како едно од најстарите во тогашната Османлиско Царство.

                                     
  • жени 2013 - 14 било одиграно помеѓу две турски тимови, Галатасарај и Фенербахче, а победил Галатасарај Женската национална кошаркарска екипа освоила сребрената
  • стигна и до финалето на Купот на УЕФА во 1999 - 00, но изгуби на пенали од Галатасарај Го освои ФА Купот во 2002 - 03 и 2004 - 05 и Премиер Лигата во 2003 - 04 без
  • Купот. По ова следуваше пораз во финалето на Купот на УЕФА во 2000 до Галатасарај на пенали и во финалето на ФА Купот во 2001 од Ливерпул со 2: 1. Венгер
  • во почетокот имало лозја и овоштарници. Со изградбата на училиштето Галатасарај во училиштето започнале да се школуваат семејствата од дворецот а со
  • стекнал со магистарски степен по бизнис и администрација на истиот универзитет бранејќи ја темата Бизнис моделот на фудбалскиот клуб Јувентус во интернационален

Users also searched:

...
...
...