Back

ⓘ Климагејт



                                     

ⓘ Климагејт

Климагејт, е инцидент кој започнал во ноември 2009 година со хакирање на е-поштенскиот опслужувач што го користи Climatic Research Unit на Универзитетот на Источна Англија во Норич. Непознати лица украле и анонимно дистрибуирале над илјада е-поштенски пораки и други документи направени во текот на 13 години. Универзитет потврдил за настанот и изразил загриженост дека личните информации за поединцитете може да бидат компромитирани. Деталите за инцидентот биле пријавени во полицијата.

Критичарите велат дека е-пораките ќе покажат дека постои премолчан договор помеѓу научниците кои се занимаваат со климатските промени за нецелосно презентирање на научните информации. Други научници, како на пример Ричард Сомервил, го сметаат инцидентот за клеветничка кампања. Кевин Тренберт од Националниот центар за атмосферско истражување од САД изјавил дека селективно се цитирани само зборови и фрази, надвор од контекстот во обид да се саботира самитот во Копенхаген посветен на климатските промени кој треба да се одржи во декември 2009 година.

                                     

1. За самиот настан

Неидентификувани лица го пробиле опслужувачот на Climatic Research Unit и онлајн објавиле копии на е-пораките и документите кои ги нашле. Биле украдени повеќе од 1.000 пораки и 3.000 други документи, или околу 160 MB на податоци.

Нападот се случил на 17 ноември од компјутер со турска ИП-адреса, а документите биле дистрибуирани низ Интернет преку компјутер кој се наоѓа во рускиот град Томск.

                                     

2. Содржина на пораките

Украдениот материјал сочинет од повеќе од 1.000 електронски пораки и 2.000 документи кои се однесуваат на истражувања поврзани со климатските промени направени во периодот од 1996 до 2009 година. Некои од пораките вклучуваат дискусии за тоа како да се изнајдат аргументите со кои научниците треба да се справат со скептиците, навредливи коментари во однос на скептиците, прашања од новинари, и работни верзии од научни трудови, и се зборува за уништување на различни податоци со цел да се спречи достап до нив врз основа на Законот за слобода на информациите.

                                     

3. Реакции

Michael Mann, директор на Earth System Science Center при Државниот универзитет на Пенсилванија, кој е помеѓу оние кои се вмешани во контроверзите, вели дека скептиците "ги земааат овие зборови сосема надвор од контекст да се направи тривијализира целата работа". Toj целиот настан го нарече внимателно планиран и "од високо ниво, оркестрирана клеветничка кампања за да се сврти вниманието на јавноста за природата на проблемот со климатските промени."

Кевин Е. Тенберт, вели дека бил шокиран од настанот, но смета дека тоа би можело да помогне во убедувањето на скептиците во однос на климатските промени, како и тоа дека пораките го покажуваат "интегритетот на научниците." Тој исто така, смета дека "кражбата" може да биде насочена кон поткопување на преговорите на самитот во Копенхаген за Глобалните климатски промени.

Американската асоцијација за унапредување на науката American Association for the Advancement of Science "изразува загриженост дека пробиените податоци ќе ја ослабат глобалната подготвеност за справување со гасовите на кои се должи ефектот на стаклена градина".

Климатологот Џејмс Хансен смета дека оваа контроверза "нема влијание врз науката", дека некои од пораките ја отсликуваат лошата проценка од страна на научниците, и дека доказите за човековото влијание врз климатските промени се неоспорни.

Ова претставува транспарентен обид за да се дискредитираат научните докази и обид да се внесе конфузија во пресрет на разговорите во Копенхаген вели Малини Мехра од Centre for Social Markets.

Ед Милибанд, Секретар за климатски промени на Обединетото Кралство вели дека "Една серија од пораки не може да го намали значењето на глобалната наука за климатските промени"

Климатолозите на Универзитетот Викторија во Британска Колумбија, Канада, исто така, биле цел на обид на упад во нивните канцеларии и компјутерски системи. Професорот Ендрју Вивер, кој е еден водечките лица во Меѓународниот панел заклиматски промени при ООН, коментира: "Тажна реалност е дека како научник кој рабои во оваа област честопати си цел на напади. Им нема крај од непријатни пораки и телефонски повици кои ги добивам." Тој верува дека хакерите "се обидувале да ги најдат сите нечистотии што можеле, како што било тоа направено во Велика Британија. Ако тие не се во можност да најдат нечисти работи, тогаш се обидуваат тоа да го направат со одбрани пораки или со искривена статистика извадена од контекст."

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →