Back

ⓘ Државен универзитет во Тетово




Државен универзитет во Тетово
                                     

ⓘ Државен универзитет во Тетово

Државниот универзитет во Тетово е еден од трите државни универзитети во Република Македонија и се наоѓа во градот Тетово. Основан е на 4 јуни 1994, на основачкото собрание свикано од Културната Заедница на Албанците во Македонија, во својство на основач, додека иницијатор, идеатор и потписник на документите за основање на Универзитетот и за именување на привремените органи на универзитетот беше проф. Абдула Мехмети, претседател на Културната Заедница на Албанците во Македонија. Како државен универзитет останува непризнаен од властите сè до јануари 2004 кога се донесе Законот за основање на Државниот универзитет во Тетово од страна на Собранието на Република Македонија. Прв ректор на Тетовскиот Универзитет беше проф. д-р Фадил Сулејмани, а потоа и проф. р-р Рамиз Абдули, проф. д-р Неџбедин Беадини, проф. д-р Сади Беџети, проф. д-р Агрон Река. Моментален Ректор на универзитетот е проф.д-р Вулнет Амети. Наставата главно се одвива на албански јазик, но исто така и на македонски и други јазици.

Во моментов при универзитотот има 11 факултета:

  • Филозофски Факултет
  • Факултет за применети науки
  • Факултет за прехранбена технологија и исхрана
  • Факултет за медицински науки
  • Филолошки Факултет
  • Правен Факултет
  • Факултет за природно-математички науки
  • Економски факултет
  • Факултет за јавна администрација
  • Факултет за уметности
                                     
  • кој е ситуиран во долината на Вардар и им траело два дена исполнети со борба пред целосното влегување во градот на 11 ноември. Тетово е последниот ослободен
  • Куманово, Прилеп, Тетово Велес, Штип, Охрид, Гостивар, Струмица, Кичево, Кавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат
  • германските војски Централните сили Пругата била изградена од Скопје, Тетово Гостивар, Кичево па до Охрид. Нејзината примарна функција била достава
  • победувајќи ја екипата на ОК Универзитет - Тетово во спортската сала Парк во Струмица со резултат од 3: 0 во сетови. ОК Струмица победи во Првата државна лига
  • студенти, 76.080, од било кој државен универзитет во Турција во текот на академската 2008 - 09 година. Универзитетот бил основан во 1975 година додека универзитетот
  • пресекувајќи го патниот правец Тетово - Урошевац - Приштина, каде што се наоѓа граничниот премин Јажинце, од таму се спушта во Качаничката Котлина и ја сече
  • Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба

Users also searched:

...
...
...