Back

ⓘ Цвеќарство



Цвеќарство
                                     

ⓘ Цвеќарство

Цвеќарство или флорикултура - дисциплина на хортилкултурата која се занимава со одгледување на цветоносни и орнаментални растенија. Цветоносните растенија се одгледуваат ширум светот во простории и надвор. Цвеќарите, за примарна цел го имаат развојот на размножувањето на растенијата, а со тоа и на нови видови.

                                     

1. Предмет на проучување

Цвеќарската култура ги вклучува билките со отворен простор, како што се многугодишно растение и двогодишни растенија, собни билки, саксиени билки, сецкан цвет и цвеќе со пратечко зеленило. За разлика од расадни производи кои се бават продукција на садници дрвенасти билки дрва, жбун и лијана, цвеќaрството опфаќа воглавно зељести билки, но се бави и со мали број дрвенасти и полудрвенасти видови кои со својот хабитус, низок раст, раскошни цветови или техники на огдледувања и размножувања се слични на зељестите многугодишни растенија. Такви се на пример розата, која, иако е дрвенаста билка, припаѓа на цвеќарството. Исто така многу билки кои имаат вредност за фармација истовремено се и декоративни (перуника, божур, невен. Билките во сад за ентериер опфаќаат цветнодекоративни и лиснодекоративни билки кои се често дрвенасти билки во тропски и суптропски подрачја како што се фикус, филодендрони, палма. Поединечни поградинарски култури, како зелка, имаат декоративен вид кои се предмет на произведување и примена преку цвеќарството.

Во Македонија цвеќарството се изучава на катедрите за хортикултура и пејсажна архитектура на шумарскиот факултет како и на земјоделскиот факултет.

                                     

2. Технологија на производство

Производството на цветната култура се обавува во стаклена градина со контролирании услови, каде се регулира температура, влага и осветлување, или на отворено, а испорачува во контејнери како репро материјал без сечениот цвет.

Индустријата на сечениот цвет е посебна област на цвеќарството и технологија во овојата област каде опфаќа низа постапки со кои се добива квалитетен и економичен производ со оптимална продуктивност а тоа се размаци на садње, сечење на цветови пинсирање, фертиригација итн. За овој сегмент на цвеќарството важно е и како да се постигне што поголема трајност на приозводот по берба, како да се складира, чува и пакува, што е предмет на изучување на постхарвест физиологијата.

Некои видови цвеќиња се берат во природа за пазарот на сечено цвеќе, што не е случај само кај нас, туку и во Австралија и САД.

                                     

3. Тренд

Развојот, преку облагородување на билките, и синтеза на нови сорти е главна преокупација на цвеќарството денас. Потреба за нов таксон во цвеќарството е стален. Од извештајот на Европската канцеларија за билни сорти CPVO -Community plant variety office за 2008. година се гледа дека во периодот 1999-2008 година е поднесено околу 15.500 барања за регистрација и заштита на сортите на украсните билаки. Само во 2008 година. поднесено е 1631 барање што е убедливо најмногу во споредба со останатите групни билки полјоделски билки, овошје и зеленчук и предстаавува 54.2% од свите барања. Розите и хризантема од почетокот на работата CPVO биле најважни таксони на основа на податоците на Канцеларијата, а после тоа пеларгониум, љиљани, гербер и многу други, од година до година.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →