Back

ⓘ Официјален дигитален речник на македонскиот јазик




                                     

ⓘ Официјален дигитален речник на македонскиот јазик

Официјален дигитален речник на македонскиот јазик - еднојазичен описен речник на македонскиот јазик. Речникот е издаден од Владата, Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков". По обем речникот се определува на околу 100 000 збора, а по изборот на лексичките единици и по обработката има нормативен карактер.

                                     

1. Опис

Официјалниот дигитален речник на македонскиот јазик е поставен на семрежната адреса makedonski.gov.mk и пристапот до неа е слободен.

Барање на кратенки

Речникот содржи над 1300 често употребувани кратенки во македонскиот јазик, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето "Кратенки".

Барање на топоними

Речникот содржи над 1200 географски термини, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето "Топоними".

Можност за предлагање нови зборови

Речникот овозможува предлагање на нови зборови при што се бара и предлог за нивно толкување.

                                     

1.1. Опис Пребарување на зборовите

Пребарување на зборовите е можно по првата буква, по дел од зборот или како цел збор. Речникот е наменет за најширок круг корисници како неопходен прирачник што ги упатува во правилната употреба на зборовите.

                                     

1.2. Опис Барање на кратенки

Речникот содржи над 1300 често употребувани кратенки во македонскиот јазик, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето "Кратенки".

                                     

1.3. Опис Барање на топоними

Речникот содржи над 1200 географски термини, и истите може да се пребаруваат со избор на јазичето "Топоними".

                                     

1.4. Опис Можност за предлагање нови зборови

Речникот овозможува предлагање на нови зборови при што се бара и предлог за нивно толкување.

                                     

2. Контроверзии

По реакцијата на Здружението за унапредување на правата на Ромите "Аваја" до Владата, зборовите циганчи, циганштија кои се вклучени во ТРМЈ и други беа отстранети. Овој потег предизвика реакција во јавноста, класифирајќи го како цензура. За Институтот за македонски јазик ваквиот потег бил "помало зло".

                                     

3. Поврзано

  • Дигитален речник на македонскиот јазик
  • Толковен речник на македонскиот јазик
  • Речник на македонскиот јазик со српскохрватски толкувања
  • Македонски речник од 16 век
  • Речник на македонската народна поезија