Back

ⓘ Партски јазик




Партски јазик
                                     

ⓘ Партски јазик

Партски јазик - изумрен јазик од северозападната група ирански јазици, на кој зборувале древните Парти, жителите на античката област Партија. Партскиот јазик рано дошол во допир со тогашните источноирански јазици, што може да се види во некои заемки. Писмо со кое се бележел партскиот јазик било пахлави.

Бил еден од официјалните јазици во Партското Царство, со кое владеела династијата Арсакиди. Со смената на династијата во 224 година и создавањето на Сасанидското Царство, дошло до смена на јазиците - партскиот јазик како службен јазик бил заменет со средноперсискиот. Ретки се споменици со партски јазик и опфаќаат натписи од времето на Партското Царство и билингвални партско-среднооперсиски натписи од времето на Сасанидите.