Back

ⓘ Рушански јазик




                                     

ⓘ Рушански јазик

Рушанскиот јазик ― еден од памирските јазици што се говорени во Авганистан и Таџикистан. Рушанскиот е релативно близок со сета севернопамирско јазична подгрупа безоглед дали со шугнискиот, јазгуламскиот, сарикулскиот или орошорскиот дели многу граматички и речникови особености на сличен начин со сите од нив, особено со шугнискиот и со тоа некои лингвисти го сметаат како наречје на шугнискиот.

Рушанскиот реон е поделен на два дела со реката Панџ, каде што на десниот брег заедно реката Бартанг на исток се наоѓа рушанскиот реон во Горнобадахшанската автономна област, Таџикистан и на левата страна се наоѓа на неколку села во рушанскиот реон во северниот дел на Шегнанскиот округн, во покраината Бадакшан на Авганистан и Горнобадахшанската автономна област во Таџикистан. Авганистанскиот Рушан се состои од шест села, вклучително Руботин, Пагуор, Чауед, Јорк, Шаихин и Часнуд, од кои пет се наоѓаат на брегот на реката Панџ, која е на границата со Таџикистан. Повеќето рушански говорници припаѓаат на исмаилскиот огранок на шиитскиот ислам.

                                     

1. Употреба на јазикот

Рушанскиот, како и шугнискиот, се користи само во неслужбени услови. Сите деца во заедницата го учат рушанскиот како прв јазик и многу се потпираат на него сè додека не се запишат на училиште. Дури тогаш го учат службениот јазик на земјата. Возрасните говорители се двојазични или тројазични на таџикистанскиот и рускиот јазик.

Традиционално рушанскиот не бил пишан јазик, а рушанските говорители пишувале на персиски јазик. Развиени биле системи за пишување за овој јазик со кирилично и латинско писмо, на пример за употреба во превод на делови од библијата од страна на Институтот за превод на Библијата.

                                     

2. Книжевност

  • Зарубин, И. И. Bartangskie i rushanskie teksty i slovar. Москва: Издаваштво на Академијата на науките на СССР, 1937 година.
  • Пејн, Џон, "Pamir languages" во Compendium Linguarum Iranicarum, ур. Шмит 1989, 417 – 444.
  • Пејн, Џон. "The decay of ergativity in Pamir languages". Lingua 51: 147-186.
                                     
  • Бенгалски ব ল - идоариски јазик што се зборува во Јужна Азија, најмногу во Индија и Бангладеш. Јазикот, поточно се зборува во областа Бенгал, што
  • урду јазик Општо гледано, терминот урду може се однесува кон дијалекти на хиндустански отколку стандардната верзија на јазикот. Оригиналниот јазик на мугалите
  • Гуџаратски јазик ગ જર ત gujarātī - индоариски јазик - матичен и службен јазик на сојузната држава Гуџарат и териториите Даман и Диу и Дадра и Нагар
  • Асамскиот অসম য Ôxômiya е индоевропски јазик дел од групата на источни индоариски јазици од поголемата група на индоирански јазици. Јазикот воглавно
  • Кашмирскиот क श र, کٲش ر, Koshur е индоевропски јазик дел од групата на дардски јазици од поголемата група на индоирански јазици. Јазикот воглавно
  • Домакски јазик Гавар - батски јазик Калашки јазик Кашмирски јазик Коварски јазик Кохистански јазик Нингаламски јазик Пашајски јазик Палула јазик Шина јазик Шумаштски

Users also searched:

...