Back

ⓘ Кат




Кат
                                     

ⓘ Кат

Кат, спрат или етаж – просторот меѓу подот и таванот во една градба. Во европските земји приземјето не се смета за кат, додека во Америка и Русија истото се брои како кат.

                                     

1. Градби според бројот на катови

Според бројот на надземните катови се зборува за еднокатници, двокатници, трикатници, повеќекатници и висококатници. Последните се нарекуваат и облакодери и може да имаат и повеќе од 100 ката.

                                     

2. Висина на катовите

Висината на катовите соодветствува на видот на градбата:

  • 2.66 метри, односно 16 скалила за современи станови, хотели или паркинзи;
  • 3.30 метри, или 20 скалила за деловни градби или болници простор резервиран за кабли и климатизација;
  • 3 метра, или 18 скалила за стари градби за живеење;
  • 1.90 метри, или 10 скалила за воз или автобус на две нивоа.
  • 4 метра, или 24 скалила за продавници со големи површини, изложбени салони и сл. во овој случај често се користат ескалатори;

Висината може да биде многу поголема за одредени посебни градби.