Back

ⓘ Златко Кесковски




                                     

ⓘ Златко Кесковски

Златко Кесковски е основач и генерален директор на NYSK Holdings дел од групата PharmaCann International. Компанијата се занимава со одгледување, производство и дистрибуција на медицински канабис. По аквизицијата на NYSK Holdings од страна на PharmaCann International Златко Кесковски станува генерален директор на групацијата.

Животопис

Златко Кесковски е роден 1970 година во Охрид. Основното и средното образование го завршил во родниот град. Дипломирал на техничкиот факултет во рамки на Универзитетот "Свети Климент Охридски" во Битола, а подоцна се стекнал со титула магистер и доктор на науки по кризен менаџмент. Златко Кесковски долги години извршувал раководни функции од областа на безбедноста како во приватниот, така и во јавниот сектор. Во 2007 година станува професор на Факултетот за детективи и безбедност на ФОН Универзитет во Скопје.

Менаџерска кариера

Златко Кесковски во 2016 станал основач и генерален директор на NYSK Holdings, прва компанија во Македонија која во 2017 година добила лиценца за одгледување на канабис за медицински цели. Како нејзин основач, компанијата за многу кус период ги остварила сите зацртани цели доставени во апликацијата за добивање лиценца, а веќе во 2018 година добила национална лиценца за добри производствени пракси GMP. Одржувањето на високи стандарди во работењето овозможило компанијата да добие и сертификат на ЕУ за добри производствени пракси. Во моментот, компанијата е единствена на македонскиот и европскиот пазар која произведува Активна Фармацевтска Состојка API како и финален производ базиран на медицински канабис која е лиценцирана од еден од европските инспекторати, Полскиот Генерален Фармацевтски Инспекторат GIF. Златко Кесковски во време на управувањето со компанијата работи согласно ISO стандардите ги имплементирал ISO 9001, ISO 14001 и ISO 17025 Добра лабораториска пракса и добиле Интегрирана еколошка дозвола – А категорија.

Спортска кариера

Златко Кесковски е поранешен светски шампион во боречката вештина Џиуицу, како и повеќекратен југословенски и македонски шампион во Карате и Кендо. Освоил повеќе од 200 медали, од кои 70 на меѓународни натпревари по боречки спортови. Од 2003 година е првиот лиценциран карате инструктор за лица со хендикеп. Кесковски е основач на македонската Кендо федерација во 2006, како и на македонската Џиуџицу федерација во 2005 година. Во 2006 година бил член на управниот одбор на Македонскиот Олимписки Комитет.

Општествена дејност и признанија

Златко Кесковски бил добитник на највисоката државна награда 8ми Септември со која се оддава признание на тренери, спортисти и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Бил добитник во повеќе наврати на наградата за најуспешен спортист на Охрид од 1993 до 1998 година како и наградата за животно дело во областа на спортот од страна на Сојузот на Спортови на Град Скопје во 2008 година. Зкатко Кесковски е добитник и на највисоката награда на општина Охрид, Патрон на градот- Св.Климент Охридски. Од 2003 до 2010 година Кесковски бил инструктор по боречки вештини на деца без родители од домот 11 Октомври и СОС Детско Село од Скопје, а од 2003 до 2007 во соработка со аосцијации од Скопје за лица со хендикеп бил инструктор по боречки вештини за деца и возрасни.