Back

ⓘ Декубитус



Декубитус
                                     

ⓘ Декубитус

Декубитус претставува патолошки процес кој се јавува на т.н. предилекциски места,предизвикано од подолго време лежење во иста позиција односно поради притисокот на крвните садови и недоволната исхранетост на ткивото со крв,односно нарушена циркулација.

Предилекциски места:

  • рабовите на лопатката или скапулата
  • окципиталната џумка
  • на лактите
  • на петиците
  • рабовите на ушните школки
  • ’рбетните продолжетоци
  • кај лумбалниот дел кај карличната коска
  • на колената

Причини за појава на декубитус:

  • обезитас
  • дијабет
  • анемии
  • кахексија
  • Причините можат да бидат егзогени (неодржување на личната хигиена,една положба во креветот која трае долг период,иритација,набори на постелнината и облеката,иритација со трошки,предмети.Но причините можат да бидат и ендогени,односно
  • болести со квс
  • парализа

Стадиуми на настанување на декубитална рана:

  • Стадиум на hyperemia-во овој стадиум кожата најпрво е бледа поради долгиот притисок врз крвните садови,а потоа кожата е црвена поради хиперемијата.
  • Во четвртиот стадиум раната се проширува до коска.
  • Стадиум на некроза-во овој стадиум раната се шири во длабочина и ширина.
  • Стадиум на мацерација - во овој стадиум кожата е лигава,влажна и се лупи.
                                     

1. Дејство врз организмот

  • При целосно заздравување на оваа рана може да се намали подвижноста на околното ткиво,така настануваат и контрактури.
  • Продуктите од декубиталната ран влијаат токсично врз CNS,хепар и бубрези.
  • Раната претставува влезно место на микроорганизми што може да доведе до смртен исход доколку не се води соодветна грижа и нега.
  • Преку раната доаѓа до губење на голем број протеини,а со тоа се намалува отпорноста на огранизмот.

Превенција

  • јакнење на отпорноста на организмот со храна богата со протеини
  • Одржување на лична хигиена
  • Масажа на предилекциски места
  • Употреба на поможни средства со цел превенција
  • болничката облека и постелнина да е без набри,и други предмети.

Лекување

  • Заштита на раната со ѓеврече или гумен круг.
  • Земање на брис од раната за да се утврди антибиотикот
  • Промивка на раната со водород пероксид,а потоа со бетадин,на крај со антибиотски раствор или прашок.
  • Преврска на раната
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →