Back

ⓘ Гумно




Гумно
                                     

ⓘ Гумно

Гумно – рамно и широко место каде што се врши жито, обично со коњи. Вообичаено гумното се наоѓа на отворено, поретко во затворен простор. Главно е земјено, а во планинските предели може да биде поплочено со камени плочи и опкружено со камено ѕидче. На гумното житото се врши рачно или со стока која може да биде врзана за столб во средината на гумното кој се нарекува стожер.

                                     

1. Историја

Гумната имаат древно потекло и не може да се каже кога се појавиле. Им претходеле едноставни широки и долги платформи покриени со глина.

Во 1950-тите и 1960-тите потребата од гумна во Македонија и на Балканот почнува да исчезнува со воведувањето на механизирано комбинирано жнеење, вршење и веење со комбајни.