Back

ⓘ Редосеалка



                                     

ⓘ Редосеалка

Редосеалка - земјоделска машина која се користи за сеење во изорани редови и леи како и за садење и пресадување садници во земја. Се користи за садење на груткасти и репкасти растенија, главчести растенија, семиња и садници на млади дрвја. Редосеалката е специјално дизајнирана и е опремена со цилиндри за производство на бразди, еден или повеќе полначи во кои стојат и од кои се испуштаат и посејуваат семенските материјали, како и со тркала, кои може да се од рапаво железо за дополнително да ја разронат земјата и затрупаат семето. Се прикачува и е влечена од трактор. Постојат повеќе видови на редосеалки во зависност од семето кое што се сее: редосеалка за жито - пченица и јачмен, редосеалка за ориз, редосеалка за пченка, редосеалка за ситни семиња итн. Употребата на редосеалката е многу важна и значајна бидејќи го намалува времето потребно за сеење зрна и садење на садници, во споредба со рачното сеење и пресадување, со што се овозможува повеќе време за берба. Исто така ја намалува употребата на рачна енергија, со што овозможува сеење на многу поголеми површини наеднаш и за пократко време.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →