Back

ⓘ Плуг




Плуг
                                     

ⓘ Плуг

Плуг e вид на алатка која се користи за орање на земјата. Главни негови делови се лимеш или рало кои служат за хоризонтално сечење на браздите, како и за вертикално сечење на браздите, односно за превртување на мелените жлебови. Постојат различни врсти на плугови, од кои најчест е рален плуг. Ралото најдолго се задржало во планинските и ридските предели поради карактеристиките на самата планинска почва - плиток слој на земја. Ралото плитко ора и има една рачка со која лесно се регулира аголот под кој се обработува земјата. Ралото е влеча за два вола. Покрај ралните постојат и: дискосни, чиниест, чизел плугови. Во случај на извесна длабочина постои водонопропусен слој пред орањето каде се врши подривање на различични видови.

                                     

1. Историја

Плугот се развил уште за време на рачното рало и мотиката во периодот на неолитот на подрачјето на Месопотамија. Пред 2000 години пне. се употребувал во северна Италија и јужна Шведска, а пред 1000 години пне.се користел на целото подрачје на Средоземие, во источна Европа како и во Кина. Америка, јужна Африка, Австралија i Океанија не го познавале плугот сè до европската колонизација. Првите плугови биле направени од дрво, за влечење на стока, вол, бивол, камила, коњ итн. Со нив можело да се ора само доколку земјата била низинска, бидејќи тие биле нежни и кревки. Иако веќе античките народи ги врзувале плуговите, дури во 18- от век е деносен знатен напредок во модернизацијата и неговата конструкција. Поедини делови се заменуваат со делови од ковано железо. Во 19- от век преовладуваат челични плугови за фабричко производство, кај кој за влеча се употребувале машини. Денес се изработуваат еднобразни, двобразни, и повеќе бразни плугови, кои воглавно се користат на тракторско влечење.

                                     

2. Надворешни врски

  • Средњевековни налази раоника и прикази рала на дечанским фрескама, Весна Р. Манојловић Николић, Филозофски факултет – Одсек за историју, Универзитет у Новом Саду, 2011
  • Оруђа за рад зајечарски крај, Гласник Етнографског музеја у Београду књ. 42, Душан Масловарић
  • Ploughing In Medieval Times On The Territory of Present-Day Serbia, Nemanja Marković and Jelena Bulatović, Institute of Archaeology, Belgrade, 2013.
  • Народна традиционална земљорадња у пределу висок пиротски крај, Велибор Стојаковић, 2010.