Back

ⓘ Орање



                                               

Дудин Дол (Свети Николе)

Дудин Дол - археолошко наоѓалиште во Свети Николе Наоѓалиштето претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 4.5 км јужно од градот, на една благо закосена тераса. При подигањето на лозовите насади, со длабокото орање на површината бил исфрлен голем број фрагменти од керамички садови, како и градежен камен различен по големина, облик, состав и обработеност, веројатно од темели на објекти. Во јужниот дел на терасата бил откриен и разнесен од механизацијата гроб од типот циста. На површината се најдени повеќе рачни мелници од камен и пирамидални тегови од керамика. Наоди ...

                                               

Дабица (Немањици)

Дабица - археолошко наоѓалиште во светиниколското село Немањици. Претставува населба и некропола од римско време. На 4.5 км североисточно од селото, во лозјата на С. Донев и С. Илиев, при подготовките за нивното садење, со длабоко орање на површината било исфрлено големо количество од тегули, имбрекси и градежен камен, веројатно од темели на ѕидови. Исто така и големи плочи од песочник, од гробни конструкции.

Орање
                                     

ⓘ Орање

Орање - земјоделска техника која подразбира обработување на плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење. Во основа, орањето претставува прокопување и раситнување на почвата на одредена длабочина со земјоделски алатки како рало или плуг прикачени на добиток или сосвремена земјоделска механизација како трактор или мотокултиватор, со што таа се подготвува за засевање со различни култури.

Обработката на почвата претставува една од најстарите агротехнички мерки применувани од страна на човекот со цел да се задоволат барањата на културните растенија и да се постигнат високи приноси. Со обработката на почвата се врши нејзино разровкување на одредена длабочина, а потоа се врши продлабочување на ораничниот слој со што се создаваат услови за пристап на воздухот, водата, топлината, хранливите материи и др. Исто така, со обработката на почвата се делува против плевелите и прекумерното испарување на влагата, што значи дека со орањето се подготвува почвата за нормален развиток на растенијата. Значењето на обработката на почвата се состои во тоа што во неа се враќаат и поправаат добрите особини кои почвата ги изгубила во претходниот посев, а особено со збивањето, како и при различни врнежи и со газењето на разните земјоделски машини. Со обработката на почвата особено се подобруваат физичките својства и биолошките процеси на почвата, со што се овозможува и поголемо создавање на хранливи материи за исхрана на растенијата. За правилно орање потребно е да се обрне внимание на формирањето на слогот, на самото орање и на орањето на разорот.

                                     

1. Орањето како тема во уметноста

  • "Посебниот орач" Особити орач - српска народна песна.
  • "Орање" - песна на рускиот писател Борис Пастернак.
  • "Орач меѓу скелети" - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →