Back

ⓘ Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“




Универзитет за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле
                                     

ⓘ Универзитет за информатички науки и технологии "Св. Апостол Павле"

Универзитет за информатички науки и технологии "Св. Апостол Павле" "St. Paul The Apostle") - државен универзитет, кој се наоѓа во Охрид, Македонија.

УИНТ е основан од Собранието на Република Македонија со Акт за основање на Универзитетот за информатички технологии во 2008 година. Во 2010 година, студентите од УИНТ го создадоа првиот суперкомпјутер во Република Македонија.

Меѓународниот карактер на универзитетот се забележува со фактот што УИНТ има мултикултурна популација на студенти од повеќе од 40 земји низ светот, вклучувајќи ги и домашните студенти. Повеќе од 450 домашни и странски студенти студираат на УИНТ. УИНТ има добиено акредитација за 15 додипломски и постдипломски програми и секоја од нив се спроведува на англиски јазик. Согласно академското рангирање на универзитетите во светот за 2013/2014 година, УИНТ е рангиран помеѓу првите 4 од 20 универзитети во Република Македонија.

УИНТ содржи пет факултети:

  • Факултет за комуникациски мрежи и безбедност
  • Факултет за информациони системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
  • Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика
  • Факултет за информатички и комуникациски науки
  • Факултет за компјутерски науки и инженерство

УИНТ има воспоставено меѓународна соработка и билатерални меморандуми за соработка со повеќе светски универзитети:

  • Универзитет Елизад, Ондо, Нигерија
  • Универзитет Оукланд, Рочестер, Мичиген, САД
  • Универзитет Истанбул, Истанбул, Турција
  • Универзитет Чумхуријет, Сивас, Турција
  • Западен Универзитет Тимишоара, Тимишоара, Романија
  • Технички Универзитет Клуж-Напока, Клуж-Напока, Романија
  • Универзитет Ќутахја Думлупнар, Ќутахја, Турција.
                                     
  • ректор на Универзитетот за информатички науки и технологии Св Апостол Павле од Охрид. По завршувањето на студиите на Факултетот за електротехника - при
  • и Шумарски Факултет, Факултет за Електротехника и Информациски Технологии Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инжинерство, Факултет за Фармација
  • Охрид функционира државниот Универзитет за информатички науки и технологии Св Апостол Павле како и Факултетот за туризам и угостителство при Универзитетот

Users also searched:

...
...
...