Back

ⓘ Менингитис



Менингитис
                                     

ⓘ Менингитис

Менингитисот претставува воспаление на мозочните обвивки. Спрема етиологијата постојаат различни видови на менингитиси и тоа:

  • Епидемичен;
  • Гноен;
  • Туберкулозен;
  • Серозен и др.

Во 2015 години околу 8.7 милиони луѓе во светот развиле менингитис. Ова резултирало со 379.000 смртни случаи – што претставува намалување од 464.000 смртни случаи во 1990 година. Со соодветен третман ризикот од смрт кај бактериски менингитис е помал од 15%. Секоја година во периодот помеѓу декември и јуни во регионот на Супсахарска Африка, познат како менингеален појас, се случуваат епидемии на бактериски менингитис. Помали епидемии се појавуваат и во други краеви во светот. Зборот менингитис доаѓа од старогрчкиот збор μῆνιγξ менинкс, "мембрана" и медицинската наставка -итис, кој означува "воспаление".

                                     

1. Заеднички симптоми

Постојаат заеднички симптоми за сите видови на менингитиси, но секоја група на менингитис се карактеризира со посебни симптоми. Заедничката клиничка слика е позната како менингеален синдром. Симптомите под кој тој се јавува се следните:

  • Главоболие

Главоболието претставува редовен симпптом кој го придружува менингеланиот синдром. Главоболието е мошне интензивно и секое напрегање или движење на главата предизвикува засилување на болката. Главоболието е дифузно, но најмногу е сместено на челото и пределот на вратот.

  • Повраќање

Се јавува доста често и независно од внесената храна. Натанува ненадејно и без некој повод. По повраќањето не постои олеснување.

  • Закоченост на вратот

Се јавува како еден од првите симптоми на менингитисот. Се добива со гфлексија на вратот спрема напред при тоа главата не може да се свитка нанапред.

  • Знакот на Керниг

Ако болен кој лежи на грб му се подигнаат нозете и му се стваат под прав агол се јавуваат болки и ограничување во изведувањето на оваа флексија. Знакот на Керниг може да се изведе и на друг начин т.е ако болниот се подигне од лежечка положба во седечка не ќе може да седне под прав агол од деведесет степени со испружени нозе, и ќе настане флексија во колената.

  • Феномен на Бруџински

Се разликуваат две проби горен и долен бруџински:

  • Долен Бруџински

Долниот Бруџински се добива со пасивно свиткување на едната нога во колкот и коленото, при тоа доаѓа во флексија на спротивната нога.

  • Горен Бруџински

Се добива кога болниот лежи на грбот и пасивно му се флексира главата кон напред, во случај на позитивен симптом доаѓа до флексија на нозете.

  • Фотофобија

Сите заболени од оваа болест покажуваат зголемена осетливост спрема светлина, светлосни дразби.

  • Ликворски наод

Ликворскиот наод е скоро секогаш изменет.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →