Back

ⓘ Министерство за образование на Кина




Министерство за образование на Кина
                                     

ⓘ Министерство за образование на Кина

Министерството за образование на НР Кина е министерство задолжено за образованието во Кина, со седиште во Пекинг. Надлежен орган за министерството е Државниот совет, кој ги пропишува правилата што важат за сите сфери од образовниот систем во земјата. Тука спаѓаат задолжителното основно образование, средната и стручна спрема и високото образование.

Меѓу другото, министерството има задача да издава уверенија за наставниот кадар, да спроведува стандардизација на наставната програма и учебниците, да воспоставува стандарди и да врши општ надзор на целиот образовен систем, настојувајќи да ја "осовремени Кина по пат на образованието". Како установа, дава нагласок на техничките струки наспроти академството како такво.

Од 1985 до 1998 г. органот се нарекувал "Државна комисија за образование".