Back

ⓘ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија




                                     

ⓘ Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или скратено МЗШВ, е едно од министерствата во Владата на Македонија.

Актуелен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е Трајан Димковски.

                                     

1. Надлежности

Надлежностите на министерството се:

- земјоделството, шумарството и водостопанството; - користењето на земјоделското земјиште, шумите и другите природни богатства; - ловот и риболовот; - заштитата на добитокот и растенијата од болести и штетници; - следењето и проучувањето на состојбите со водите, одржувањето и подобрувањето на режимот на водите; - хидромелиоративните системи; - хидролошките и агрометеоролошките мерења, како и противградобијната заштита; - проучувањето и истражувањето на метеоролошките, хидролошките и биометеоролошките појави и процеси; - надзорот од негова надлежност и - врши други работи утврдени со закон.
                                     

2. Организациска структура

Министерството е составено од 18 сектори, кои се поделени на неколку оддели. Секторите на министерството се:

  • Сектор за прекршоци
  • Сектор за лозарство, винарство и овоштарство
  • Сектор за анализа на земјоделска политика
  • Сектор за ЕУ
  • Сектор за координација и техничка помош на кабинет на министер
  • Сектор за човечки ресурси
  • Сектор за координација на подрачни единици
  • Сектор за внатрешна ревизија - независна единица
  • Сектор за финансиски прашања
  • Сектор за шумарство и ловство
  • Сектор за рурален развој
  • Сектор за информатичка технологија
  • Сектор за регистрирање и управување со земјоделско земјиште
  • Сектор за земјоделство
  • Сектор за меѓународна соработка
  • Сектор за нормативно правни работи
  • Сектор за шумска полиција без статус на државен службеник
  • Сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи